Радио Милева Ах, љубов...

Емотивни моменти: Еве што направи Новак Ѓоковиќ за сопругата Јелена на прославата во Белград (видео)

Емотивни моменти: Еве што направи Новак Ѓоковиќ за сопругата Јелена на прославата во Белград (видео)

Новак Ѓоковиќ ја прослави победата во Белград.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на 22. Грен слем турнир на Австралија Опен престојува во Белград каде ја искористи можноста да го прослави својот успех во кругот на драгите луѓе.

На забавата имаше и луѓе од светот на познатите, а меѓу најрасположените беше Саво Милошевиќ, кој го отпеа хитот на Харис Џиновиќ „Пусти ме, пусти“ и ги воодушеви присутните со своите вокални способности.

Освен гостите, домаќинот и неговата сопруга Јелена покажаа дека се вистински весели, но и дека знаат добро да пеат.

Гостите синоќа неколкупати можеа да ја слушнат Јелена Ѓоковиќ како му пее на својот сопруг хитови како „Откако се заљубив во тебе“, „Мики, Мики мој“ и „Змеј“ и многумина беа воодушевени од нејзината изведба.

Сепак, најемотивниот момент дојде кога тенискиот ас го зеде микрофонот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak’s story 🥎 (@novak_story)

Почна да ја пее песната „Ах каде си Јелена да ми го смири срцето“ и цело време ја бараше сопругата.

Јелена и Новак Ѓоковиќ ја крунисаа својата љубов во 2014 година и ги добија синот Стефан и ќерката Тара со кои го користат секој момент за уживање.

фото:Guliver/Getty Images

To top