Ќерката на некогашниот супермодел емотивно реагирала на средбата со биолошкиот татко, италијанскиот бизнисмен.
Најстарата ќерка на Хајди Клум, Лени не пораснала со биолошкиот татко и никогаш не го запознала, но изгледа дека работите се промениле по средбата во Италија.
Манекенката и италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе раксинале во 2004 година, пред да се роди Лени.
Хајди заедно со родителите, трите деца и бивишот сопруг била во хотел каде што подоцна им се придружил и татко на Лени. Таа била многу возбудена поради средбата, а долго време се прегрнувала со Флавио.
Како пренесуваат странските медиуми, Хајди била присутна со целото семејство и сите биле среќни и задоволни и заминале на заеднички ручек.