Радио Милева

Емотивна исповед на Миле Кузмановски: „Јасмина ме освои со прифаќањето на Јана и Ана“

Емотивна исповед на Миле Кузмановски: „Јасмина ме освои со прифаќањето на Јана и Ана“

Пејачот Миле Кузмановски во интервју за „Бекстејџ“ си ја отвори душата за својата почината сопруга Верче, за ќерките, но и за втората сопруга Јасмина.

Имено, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко боледување почина од рак, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана.

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа. Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жално да го оставам микрофонот“ вели Кузмановски за Бекстејџ и додава:

„Моите соработници направија песни. Некако продолжив да пеам“ вели пејачот кој песната „Роман“ и албумот „Крал без круна“ ја посвети на неговата почината сопруга.

Меѓутоа, по шест години од смртта на првата сопруга, фолк пејачот повторно се ожени и со сегашната сопруга Jасмина ја има двегодишната ќерка Ева.

фото: приватна архива/женски магазин

Тој откри со што Јасмина го освоила.

„Со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева која по дома е една играчка за сите и е златно дете, но навистина е едно специфично дете, па кога си нервозен и тажен ќе те омекне како памук. Животот сега доби една друга димензија, се е хаотично, но е интересно“ вели Кузмановски за Бекстејџ.

Фолк легендата откри и како е да се справува со четири жени по дома.

„Ана и Јана веќе се тинејџерки, учат средно училиште на медицина. Тие имаат едни барања, малата има други барања, Јасе има други барања. Мислам дека некако се баланираме“ вели пејачот.

фото: приватна архива/ женски магазин

 

To top