Познатиот текстописец, Марина Туцаковиќ проговори за својата здравствена состојба и за соработката со пејачите.
Марина води борба со тешката болест, но не престанува да се бори. Имено, во изманатиот период многу се шпекулираше за нејзиното здравје, а сега таа откри како навистина се чувствува.
„Доста добро. Не е шампионски, но добро е. Секако дека ми е подобро од што бев. Тоа трае со години.Не може преку ноќ да се среди. Оваа недела треба да направам анализи. Менуваат терапии, чекам на Институот за онкологија да пристигна нова инекција“ вели Марина.
На прашањето дали се плаши од смртта, Марина вели:
„Нормално дека се плашам. Сите се плашиме. Не треба да размислуваме за тоа. Еве јас сега готвам супа и верувајте ми само сакам да размислувам за убави работи“ вели Туцаковиќ.
Марина истакна дека моментално не соработува со Драгана Мирковиќ, но би сакала нивната соработка да биде обновена.
„Така е, но останавме во супер однос и би сакала да се случи некоја песна, па повторно да работиме“ вели текстописецот.
За потсетување, на Марина и беше дијагностициран карцином на дојка во февруари 2018 година и сè уште се лекува.