Победничката на првата сезона на „Задруга“, Кристина Кија Коцкар откри непознати детали од своето детство.
Во емиијата „Гламур“, Кија низ солзи раскажа низ што поминувала односно дека мајка и трпела физичко насилство од нејзиниот татко.
„Бев многу мала. Гледав како татко ми ја тепа мајка ми. Се сеќавам, го удирав, го молев да престане. Мајка ми носеше очила, па од ударот и се „заби“ парче стакло под окото. И рекоа дека имала среќа бидејќи можела полошо да помине. Често велев, не ми треба ништо кога немам татко. А кога отидов во болница, тој ми рече: „Што прави таа тука, јас немам ќерка“, вели Кија за „Хепи“.
Потсетуваме, Милош Коцкар почина пред крајот на првата „Задруга“ во која победи Кија.