Радио Милева

Емина Јаховиќ се подготвува за својата свадба: Пејачката ќе се мажи за турскиот милионер!

Емина Јаховиќ се подготвува за својата свадба: Пејачката ќе се мажи за турскиот милионер!

Турските медиуми постојано пишуваат за приватниот живот на пејачката Емина Јаховиќ и нејзиното момче, турскиот милионер Садетин Саран.

Имено, по време од пет месеци турските медиуми ги фатија како се држат за рака, а сега шпекулираат и за нивната свадба, за која тврдат дека треба да биде до крајот на оваа 2019 година.

Иако Емина Јаховиќ и Садетин Саран сè уште не се огласуваат јавно по тој повод, од фотографиите може да се види дека оваа врска напредува кон брак, а Емина наскоро повторно ќе носи венчаница.

фото:инстаграм/емина јаховиќ

За медиумите тоа ќе биде „свадба на деценијата“ со оглед на богатството што го ужива новото момче на Емина.

Потсетуваме дека Емина Јаховиќ и Садетин Саран ја обновија својата љубов летово по кратката пауза, а пејачката потврди дека е исполнета во емотивен план.

Емина Јаховиќ започна врска со Садетин Саран по разводот од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал, со кого ги има синовите Јавуз и Јаман.

To top