Радио Милева

Емина Јаховиќ се почeсти со нов луксузен стан на ова туристичко место

Емина Јаховиќ се почeсти со нов луксузен стан на ова туристичко место
фото: в.лазиќ

Емина Јаховиќ помина низ лош период откако се разведе од Мустафа Сандал, но сега изгледа работите одат во нејзина корист.

Имено, пејачката неодамна ја издаде својата нова песна „Мушко више не могу“ која ја сними во дует со Наташа Беквалац.

Но, како што пишуваат српските медиуми, Емина се почастила со луксузен стан во еден комплекс на Златибор.

фото: Инстаграм

Пејачката ќе може да и промени некои работи пред комплексот да биде потполно изграден, а како што пишуваат медиумите овој имот го купила додека не била во врска со турскиот милијардер Садетин Саран.

Инаку, неодамна во медиумите се појавија фотографии од Емина и Садетин како се шетаат низ Турција, а сега таа накратко ги прокоментира овие фотографии.

„Секако дека не ми пречи. Љубовта е убава и мислам дека тоа го разубавува светот“ вели Емина.

Останати вести од Радио Милева