Емина Јаховиќ ја пресели мајка си некое време од Нови Пазар во Истанбул, за да има повеќе време да му посвети на своето ново момче, но и на работата!
Очигледно пејачката ужива во присуството на мајка си која многу и помага, па затоа секој момент го користи да го помине со неа!
„Двете сега го надополнуваат времето што го пропуштија во изминатите години.Разговараат, бабата си игра со внуците Јавуз и Јаман, уживаат сите четворица“- вели изворот близок до семејството и додава:
„Нејзината мајка не се меша во нејзиниот љубовен живот, единствено што и е важно е дека Емина е среќна и сакана во таа врска, иако остана во одлични релации и со Мустафа, кого многу го почитува и цени“ – заклучил добро информиран извор за српски Свет.