Познатата пејачка Емина Јаховиќ го поминува периодот на изолација со своите синови во нивниот дом во Истанбул.
Емина се вклучи во живо на шоуто „Премиера – викенд специјал“ и разговараше за тоа како го поминува времето со своите наследници Jaман и Јавуз.
– Не е најдобрата ситуација, но јас сум во ред. Сето ова ќе помине. Во моментов сме затворени во домовите, но јас гледам да го искористам тоа. Родителите можат да бидат повеќе со своите деца. Можеме да научиме да готвиме подобро, можеме да вежбаме, да научиме нов јазик – вели Емина, откривајќи дека нејзините синови се загрижени за моменталната состојба, но и за тоа што ја праша Јавуз неодамна.
– Ова е историски момент, навистина. Стравот ќе остане уште потоа, тоа е сигурно. Децата се загрижени, Јаваз за малку ќе ме праша: “Мамо, дали ти и тато ќе бидете добро?” Треба да им дадеме поддршка на нашите деца. Се согласив со оваа ситуација и дека ова ќе трае долго. Важно е да се подготвите. Ниту Ибица ниту Миконос не ни паѓаат на ум, јас само сакам луѓето да бидат добри и да го направат ова за нас. Ми недостасува да одам да купам што ми треба, но успевам, нарачувам нешто и така “, откри Емина.