Пејачката Емина Јаховиќ се разведе од сопругот Мустафа Сандал во 2018 година, откако беа во брак 10 години.
На изненадување на многумина, разводот не помина без проблеми, а поранешните сопружници завршија на суд. Имено, Емина минатата година го тужела турскиот пејач затоа што не плаќал алиментација за децата, а потоа Сандал поднел противтужба и, како што пишуваат турските медиуми, наводно поднел докази дека откако се развеле во јуни 2018 година, платил вкупно од 1,8 милиони турски лири (околу 115.000 евра).
Емина досега не сакаше многу да зборува на таа тема, но летово истакна дека судскиот спор е во тек и ќе продолжи. Во меѓувреме, Мустафа се ожени со својата повеќегодишна партнерка, две децении помладата Мелис Сутшуруп. Емина пред неколку дена беше сопрена на улица од турски новинари и таа за прв пат проговори за нивната сегашна врска и за воспитувањето на нивните синови Јаман и Јавуз, пренесува „Курир.рс“.
– Со адолесцентите е многу тешко, особено кога тие се под лупата на јавноста како синови наМустафа и мои. Поради ова, тие двајца понекогаш остануваат гладни за нашето внимание, со оглед на тоа што и ние сме посветени на нашите обврски. Мустафа моментално повеќе време поминува со својот помал син Јавуз, кој повеќе личи на него – изјавила Емина, а потоа му посакала среќа на поранешниот сопруг во новиот брак.
– Мустафа, биди доволно среќен! – тоа беше се што му посакала Јаховиќ, пренесува споменатиот портал.
Фото:Принтскрин/Инстаграм