Радио Милева празнични спомени и роденденски емоции

Емилија Розман за Божиќ ја преплавија сеќавања: „Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе?“

Емилија Розман за Божиќ ја преплавија сеќавања: „Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе?“

Божиќните празници се време на радост, можност за потсетување на семејните вредности, на споделување на љубовта со најблиските, најмилите, најсаканите… Оние кои се се’ уште со вас, до вас, околу вас…

Нејзе Божиќ и се поклопи со уште едно друго нешто… Драго, а сепак болно. Неговиот роденден. Сеќавањата и го исполнија срцето, но празнината која и се всели во душата по неговото заминување, се’ уште е голема, огромна, бесконечна… И тешко дека некој ќе може некогаш да ја пополни, да ја затвори таа рана која остава вечна лузна.

Вака некако македонската манекенка, мисица, топ модел…  Емилија Розман ги доживеа празниците. Не можеше да не  се потсети, да не го спомне, а и да не го сподели она што и лежи на душа за нејзиниот починат татко. Фотографијата или повеќе постираната еден вид уметничката слика беше најдобар одраз на она што го чувствува… На празнината за неговиот роденден кој се поклопува токму со Божиќните денови, во кои неговото отсуство е ненадоместиво… Дури до таа мера, што кај неа предизвика „лутина“.

Да можев да ти го дадам мојот живот тато, ќе ти го дадев без секунда размислување. Уште талкам низ животот барајќи причина зошто да живеам без тебе…  Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе? Лута сум ти тато… СРЕЌЕН РОДЕНДЕН каде и да си, ама лута сум ти…“ – напишала со скршено срце убавата Емилија.

При тоа потсетувајќи се на една стара фотографија со нејзиниот татко токму од времето на Божиќните празници, Розман уште еднаш потсети на тоа колку се важни семејството и најблиските, луѓето кои ги сакаме… А уште поважно, ако тоа им го покажеме додека можеме, додека се тука до нас, со нас, околу нас… пред да биде доцна!

 

Фото: Инстаграм/rozmanticna

To top