Македонската манекенка, мисица и модел Емилија Розман неодамна славеше роденден.
Емилија е активна на социјалните мрежи и знае со своите следбеници да сподели што има ново. Така, беше и овојпат кога без комплекси покажа колку полни.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“, Розман сподели фотографија од роденденската торта, а на неа свеќичка со бројот 29.
За ова прилика, моделот одбра црн фустан кој одлично и стоеше на нејзиното тело, а тука е насмевката која не ја тргнува од лице.
Розман се пофали и какви подароци добила.Имено, таа доби фотографија – портрет од неа.
Од нејзината мајка доби парче накит од Пандора. -Ти благодарам мамо, ти си најдобрата мајка на светот, напиша манекенката покрај фотограифјата од накитот.
Меѓутоа, Емилија позираше и покрај својот нов автомобил односно БМВ: „Моето ново бебе“ напиша покрај фотографијата со новиот автомобил.
Среќен роденден и среќно на патиштата.