Радио Милева „безтобност“...

Емилија Розман го одбележа денот на својот непребол: „Денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам“ (ФОТО)

Емилија Розман го одбележа денот на својот непребол: „Денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам“ (ФОТО)

Смртта е составен дел од животот… Неа многумина така ја сфаќаат, зашто според законите на природата, се’ што има свој почеток, мора да има и свој крај, иако некои сметаат дека материјата не никогаш сосема не се губи, не исчезнува, туку само ги менува својот облик и форма. Но, затоа пак душата…? Каде оди таа, што е со неа?

„Метафизички“ прашања кои најчесто си ги поставуваме кога ќе замине некој близок, особено, некој што многу го сакаме, а тоа ќе се случи пред време. Иако, болката секогаш е силна, а празнината вечно останува, сепак балансот помеѓу разумот и емоциите е тој што не остава во живот, зашто животот мора да продолжи понатаму за живите.

И колку и да звучи ова за едни  реално, за други неприфатливо, разделбата со животот на саканите за сите нас е тажна, болна, тешка и неприфатлива… Особено кога се работи најмилите. Тогаш прифаќањето на тажната стварност за жал, за многумина е „неприфатливо“, а разделбата со најблискиот непомирлив чин, долги години и по неговото заминување, можеби и целиот живот…

Македонската мисица, манекенка и модел Емилија Розман, токму така го доживеа прераното заминување на нејзиниот татко Дамир, пред три години. Сеќавањата останаа вечни, болката никако не стивнува, како најстрашно нешто што самата непрекинато го чувствува, а животот без својот сакан родител со кого очигледно биле многу блиски и поврзани, за неа, како што вели самата, не е повеќе живот… Туку само, „животарење“!

Токму со такви „тешки“ и болни зборови со емотивен статус на својот Фејсбук профил Емилија Розман го одбележа денот на својот непребол – три години од загубата на татко и. И додека едни сметаат дека убавата девојка премногу се троши и психички исцрпува, што не е добро ниту за здравјето ниту за нејзиниот понатамошен емотивен живот и интима,  повикувајќи се на тезата од почетокот на текстот дека се’ што почнало, еден ден мора и да заврши, други тврдат дека не секој исто ја доживува и преживува загубата на блиските и најмилите, а „јавната исповед“ е еден вид вентил за празнење на собраната мака, горчина, тешкотија, натежнатите емоции… по што така ќе и биде полесно!

Без тенденција да судиме, освен дека е напишан со чисто, но скршено срце и широко отворена, но ранета душа, интегрално ви го пренесуваме статусот на Емилија Розман што го остави на својот Фејсбук, на тригодишнината од најтажниот ден во нејзиниот живот, во спомен и сеќавање на нејзиниот починат родител.

„Денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам …. 3 страшни години без тебе … Сите ме лажеа дека со текот на времето ќе биде полесно, или барем дека ќе научам да живеам без тебе, но не е … Во турскиот јазик постои збор, БЕЗТОБНОСТ … Тоа не е само чувство на осаменост или недостигање … Тоа значи отсуство на одредена личност и празнина која никој никогаш не може да ја замени … Едноставно болка во животот без тебе… 3 години грижа на совест зошто јас дишам без тебе, за секоја насмевка без тебе, за секој среќен момент и 3 години желба да дојдам кај тебе … И сите ми се лутат затоа што зборувам така, а јас никому не можам да му објаснам дека ова без тебе не е живот, само животарење… Болката што ја чувствуваме кога не напуштаат најблиските не е најстрашното нешто … Најстрашното е животот што ни останува да го живееме без нив …

ЖИВЕАМ ЗА МОМЕНТОТ КОГА ЌЕ ТЕ ГУШНАМ ПОВТОРНО! ТЕ САКАМ ТАТО МОЈ! Ти имаш само само ден на раѓање!“ – напишала Розман во својот Фејсбук статус.

 

 

 

To top