Емили Ратајковски важи за една од најсекси жените на светот, така што секој нејзин потег и објава се внимателно следени од милиони следбеници. На 7 јуни, Емили наполни 27 години и го прослави својот роденден со сопругот и пријателите.
Таа, исто така, не ги заборавила нејзините обожаватели, па нив ги почести со секси снимка на која како што се очекуваше, во преден план се нејзините гради и газе. Сепак, она што ги збуни нејзините фанови е чудниот израз на лицето, како и неусогласените движења на Емили додека се обидува да го прикаже својот секси танц.
Арно ама, очигледно е дека Ратајковски многу подобро позира отколку што „меша“!