Манекенката Емили Ратајковски, која светската слава ја стекна во спотот на Робин Тик и Фарел за песната „Blurred lines“, пред 6 месеци поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан Бер.
Недолго по објавувањето на разводот, таа беше фотографирана на игра со поранешното момче на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон, а минатиот месец објави дека е во врска со колегата комичар Ерик Андре. Таа го направи тоа така што го фотографираше гол, а потоа ја објави сликата на социјалните мрежи.
Сега доаѓа ново видео кое открива дека Емили има ново момче, популарниот пејач и актер Хари Стајлс.
Harry Styles and Emily Ratajkowski spotted kissing Like Crazy in Tokyo pic.twitter.com/iofMPojrpg
— PopBase (@popbaselockdown) March 26, 2023
Двојката е во Токио, на турнејата на Хари, а папараците го уловија моментот кога се бакнуваат. И двајцата биле свесни дека камерите се таму, но Емили сепак решила да го „нападне“ Хари и да им покаже на сите дека и двајцата горат од страст еден кон друг.