Радио Милева Осуда и потсмев

Емили Ратајковски чека бебе: Идната мама позираше гола со трудничкиот стомак (видео 18+)

Емили Ратајковски чека бебе: Идната мама позираше гола со трудничкиот стомак (видео 18+)

Популарната манекенка Емили Ратајковски, преку фотосесија за престижниот моден магазин „Вог “ откри дека е бремена покажувајќи го трудничкиот стомак.

Освен насловната на „Вог“ исната мајка објави и видео од самиот почеток на бременоста, па се до оваа фаза, не штедејќи се од покажување гола кожа.

Сепак, Емили, изјави дека нема да го открие полот на бебето.

 

View this post on Instagram

 

Grateful & growing 👼 Thank you @voguemagazine for this very special cover.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

-Кога со мојот сопруг им кажуваме на пријателите дека сум бремена, нивното прво прашање по „Честитки“ беше „Дали знаете што сакате?“. Сакаме да им одговориме дека нема да го знаеме полот додека нашето дете не наполни 18 години и ќе ни каже само. Сите се смеат на ова. Но, има вистина во нашата реплика, вистина која укажува на можности кои се покомплексни од гениталиите со кои ќе се роди нашето дете. Вистината дека на крајот на краиштата немаме поим кој или што расте во мојот стомак. Каква ќе биде таа личност? На каква личност ќе станеме родители? Како ќе ни ги промени животите и она што ние сме? – вели Емили.

Емили Ратајковски е во брак со Себастијан Беар-Меклард од 2018 година.

To top