Радио Милева вештина на заведувањето

Елеонора Миљковиќ покажа дека нејзината умешност на владеењето со јазикот има еротска моќ: Свадбена предигра со лижење за увце за возбудлива и бурна ноќ! (ВИДЕО)

Елеонора Миљковиќ покажа дека  нејзината умешност на владеењето со јазикот има еротска моќ:  Свадбена предигра со лижење за увце за возбудлива и бурна ноќ! (ВИДЕО)

Атрактивната скопска ријалити убавица  Елеонора Миљковиќ кон крајот на минатата 2022 година го кажа судбоносното да и стапи во брак со својот избраник Чедо. Овој пат тазе брачната двојка беа гости на една друга свадба кај свои блиски…

Долгите свечени фустани, црвената боја и синџирчињата очигледно се во мода, па таквата комбинација која Елеонора ја поседува уште од нејзината моминска вечер, расната убавица ја облекла и во оваа прилика.

Малку „cat walk“ и неколку селфија пред излегување секогаш се добра проверка за тоа дали е се’ „цакум-пакум“ и на свое место, а како што се гледа кај раскошната инфлуенсерка се’ е „тип-топ“ и по мерка.

Синџирчето и овој е на вистинското место, на задниот дел од фустанот со разголен грб до половината, украсено со „лажни рубини“ во вид на циркони, што на моделот му дава дополнителна елеганција и еротска нота. Особено што останува нејасно дали и тангата под фустанот е украсена во ист стил или неа воопшто и ја нема, зашто на вака тесно припиен модел, долната облека би била вишок дел?

Како и да е Елеонора и нејзиниот сопруг блескаа на свадбената веселба на која секако главни биле младоженецот и невестата.

И додека свадбената веселба течела, како изминувало времето, дали под импресии и сеќавања на нејзината свадба или „подзагреана“ од алкохолната понуда, Елеонора во еден момент не можела да се воздржи да не ја манифестира својата возбуда.

Напливот на страсти очигледно ја преплавил расната убавица, па желбата била посилна од воздржаноста, за силиконската секс бомба да ја покаже сета своја вештина на заведувањето.

Со изваден јазик, налик на змиски бакнеж, расната убавица сочно го излижа увото на својот „пастув“, вовлекувајќи го и него и себе си  во слатка еротска агонија, среде свадбената церемонија.

Елеонора Миљковиќ со еден потег покажа дека нејзината умешност на владеењето со јазикот има еротска моќ… Можеби како свадбена предигра со лижење за увце за возбудлива и бурна ноќ?

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

To top