Радио Милева драги траги

Елеонора Миљковиќ ги покажа „резултатите од љубовта“… оние другите, допрва следуваат (ФОТО)

Елеонора Миљковиќ ги покажа „резултатите од љубовта“… оние другите, допрва следуваат (ФОТО)

Македонската ријалити ѕвезда  инфлуернсерка  и топ модел Елеонора Миљковиќ откако последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски, се помалку и поретко е присутна на социјалните мрежи. И додека нејзиниот Инстаграм секојдневно го красеа нови фотографии, неретко доволно жешки за нејзините следбеници долго да ги лепат своите „влажни погледи“ за нејзините провокативни пози, сега на нејзниот профил споменатата социјална мрежа ниту една слика не е веќе така свежа.

Најчесто доминираат фотомоментите од нејзината свадба од која минаа три месеци, а само понекоја нова фотографија може да се види едвај на нејзините Инстаграм приказни и тоа е се’!

Дали раскошната убавица сега повеќе е вредна домаќинка па нема толку време за себе и самофотографирање или сега веќе нема потреба од толкаво (само)рекламирање, ќе мора убавата Нора само да ви одговори?

Она што е евидентно дека покрај сопругот таа и понатаму се грижи за уште некого кој уште од претходно е член на семејството… Само малку поинаков, иако е неизоставен во ниту една ситуација. Така нејзиниот мал,  четвороножен куќен миленик, бушавиот пес од расата Бишон по име Болт, како што вели самата сопственичка, „можеби  не е целиот нејзин живот, но тој го прави нејзиниот живот целосен“. Затоа дури и на нејзината свадба, на тој свечен и радосен ден, домашниот миленик беше неизоставен!

Инаку Нора од него е нераздвојна и зиме и лете…

И кога е слободна, за заедничко селфи фотографирање…

И кога е зафатена или ќе легне да одмара, тој е секогаш тука до неа…

Со испружено јазиче да ја лизне каде што не треба… Или да и се качи на глава!

Па дури и кога тазе сопружниците ќе останат сами да споделат љубов, секогаш е тука некој трет да упадне во нивниот „интимен свет“.

Сепак,  на малиот „натрапник“ никој не му се лути, зашто двајца или тројца, среќата е иста  – емотикон на детелина… со четири листа!

Арно ама, затоа „бушавиот“ и тоа како знае да се налути…

До душа само во игра, особено кога го задевате таму кај што не треба, може да ви се случи откако ќе покаже заби, од истите да ви остави и тоа како видливи траги.

Впрочем, како што самата Елеонора споделила: „Љубовта со Болт некогаш изгледа и вака“…

Останува само уште да видиме како изгледа љубовта со новопечениот сопруг…

Или поточно резултатите од истата… Белким е време?!

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

 

 

To top