Радио Милева бикини „бомба“

Елеонора Миљковиќ е повеќе од секси во новата колекција костими за капење: Нема бикини што не стојат добро на вакви облини (ФОТО)

Елеонора Миљковиќ е повеќе од секси во новата колекција костими за капење: Нема бикини што не стојат добро на вакви облини (ФОТО)

 Елеонора Миљковиќ дефинитивно може да ја понесе титулата занајатрактивна ријалити ѕвезда. Не дека немало и други учеснички кои мајката природа богато ги надарила, а пластичната хирургија умешно ги надградила, како Станија, Ана Кораќ или Мина Врбашки на пример, но нашата некогашна претставничка по сето она што го покажува како телесна дарба е далеку поатрактивна.

Затоа и брендовите кои се лепат за Нора, се исто така оние, кои не може баш секоја да ги рекламира. Зашто такви модни парчиња  најдобро прилегаат само на вакво „парче“ како што е сексапилната скопска убавица, чија извајана фигура е  подобна за било каква коњуктура, во која успехот е неминовен.

Затоа и атрактивните производители на еротска долна облека и секси костими за капење ја избрале токму неа да ги рекламира нивните привлечни парчиња.

А Нора ги има сите предуслови за таква соработка… Од совршената телесна дарба огледана во убавото лице, долгите нозе, витото тело, големата извајана обла задница, до ремонтираните гигантски силиконски гради на расната скопска убавица.

Едноставно се е доведено до совршенство на обострано задоволство… на двете страни. И онаа чии производи, во случајов костими за капање се во прашање и  онаа која ги рекламира, убавата Нора која за оваа прилика „работи од дома“.

Распослана крај домашниот базен, во мини бикини од разлечен дезен, Нора изгледа повеќе секси што и да облече на себе да рекламира. Без оглед на дизајнот на моделот, расната убавица знае како да го носи на себе, за таа да изгледа како од „милион долари“, а модното парче да личи дека вреди за сите пари!

А како и не би, кога без оглед од кој агол ја гледате, однапред или одзади, Елеонора најпрвин ќе ве маѓаепса па ќе ве распамети со своите бујни атрибути.

„Обично сум подготвена за бикини цела година“ – порачала сексапилната Елеонора, чиј телесен раскош и убавина мажите ги остава подзинати со „падната вилица“, а голем дел од жените ги мотивира… Иако ваква „секс бомба“ во бикини тешко дека некој(а) може да ја имитира!

Што не значи дека ако сте дама дека не треба да се обидете и да пробате исто толку сексипилно како Нора да изгледате, во вашето летно парче костим за капење!

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

To top