Радио Милева едноставно совршено

Елена „Живот со стил“ повторно ги освои дамите: Моден избор во спој со природата (фото)

Елена „Живот со стил“ повторно ги освои дамите: Моден избор во спој со природата (фото)

ТВ водителката Елена Најдоски или попозната како „Живот со стил“, името на емисијата која и е ставена на пауза, не ретко со своите модни објави на Инстаграм знае да ги освои своите следбенички.

Овој пат, тоа беше со ретро фотографија, а изгледот што толку и се допаѓа, дури посака да го репризира.

Во време кога розовите јапонски цреши се расцутени и го магепсуваат погледот, Елена се одлучила за пастелно нежна комбинавија од миди здолниште и ролка во истата нијанса, а целата впечатлива монохроматска комбинација ја заокружива со дамска шапка во истата боја.

“Едвај чекам да го повторам изгледот’, напишата Елена во описот, а веруваме дека им даде инспирација и на дамите да избрат нешто слично и да направат една ваква убава фотка под црешите на „Максим Горки“ од скпскиот плоштад.

фото:Инстаграм принтскрин

To top