Радио Милева блазе неа

Елена „Живот со стил“ е благословена жена: Она што го прави сопругот за неа за повеќето е незамисливо (фото)

Елена „Живот со стил“ е благословена жена: Она што го прави сопругот за неа за повеќето е незамисливо (фото)

Според балканскиот менталитет, генерално, жената е таа која е задолжена за подготовка на оброците во семејството.

Секако, од ова непишано правило има исклучоци, а оние жени чии мажи се љубители на готвењето се среќни што има кој да ги замени, па обврските да бидат на некој начин поделено редуцирани.

ТВ водителката Елена Најдоски или попозната како Елена „Живот со стил“ е во рредот на оние соопруги кои се благословени со таков маж. Имено, таа е тазе мажена, но нејзиниот избраник Бојан уште додека беа во врска и живееја под ист покрив, и покажа дека е од оние мажи кои не само што готват, туку е голем гурман и љубител на подготовка на разни сопецијалитети.

Таа не ретко знае да каже дека така приготвени порции нема ниту во ресторан. Со еден таков оброк, поточно паста со морски плодови, Елена се пофали на својот Инстаграм, будејќи ги и апетитите на своите следбеници.

-Кога сопругот ме разгалува, ниту еден ресторан не може да го замени, напиша водителката и му поласка на сопругот за изборот, подготовката, сервирањето и секако вниманието.

Веројатно на овој шеф омилено му е да готви морска храна која често е на нивната трпеза.

Љубовта доаѓа преку стомакот, а овој домаќин го има најдобриот рецепт за тоа.

фото:Инстаграм принтскрин/Елена Најдоски

To top