Македонската пејачката Елена Велевска која последно ја промовираше нејзината песна „Останав дама“, е успешна и храбра жена. Таа во живот успеа да се справи со предизвиците и преку лично искуство да ги научи животните лекции.
Велевска низ годините изградила свои ставови, верувања и убедувања и знае дека на душата и е потребна само една работа…
Пејачката на социјалните мрежи редовно објавува кратки приказни, бидејќи е доста активна и сите новитети сака да ги сподели со нејзините фанови.
Овој пат меѓу нив на нејзиниот „Инстаграм“ профил таа, постираше една на која неа ја нема, но со кое таа сто проценти се согласува дека е така па, несебично го сподели со нејзините следбеници.
„Телото се чисти со вода, егото со солзи, умот со знаење. А душата… само со љубов!“ – се главните работи кои македонската пејачка Елена Велевска тврди дека се точни.
Ништо не е без функција, водата чисти, солзите смируваат, но душата одново е полна само ако има љубов.
Љубовта е најважна за се што правиме во животот, а токму тоа сакаше пејачката да го каже. Тешко е да се успее без неа, а за тоа таа пее и во нејзината најнова песна:
“Уште од девојка мечтаев јас за љубов, не знаев дека таа има тајни безбројни, сама видов како љубовта носи денови безбојни“ – се стиховите од нејзината автобиографска фолк балада, алудирајќи на искувството кое го собрала.
Кај неа љубовта е секогаш на врвот, а веруваме дека по бурниот развод, ги скротила и емоциите, бидејќи сега е дама која знае што и е потребно на душата. Има ли само кој да и ја наполни? Со нова љубов!?
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Велевска