Радио Милева
во корелација со објективот

Елена Велевска со секси колекција костими: Летна бикини рапсодија (ФОТО)

Елена Велевска со секси колекција костими: Летна бикини рапсодија  (ФОТО)

Елена Велевска иако живее во Охрид, по се изгледа повеќе ги преферира грчките плажи и морето на нашиот јужен сосед. Се разбира покрај одморот, пливањето и сончањето, нашата фолкерка најмногу го преферира и сликањето.

Така,  речиси секој ден, Елена има нова фотографија од плажа во нова поза… Ама што е уште поочигледно, на секоја од нив, е во речиси различен костим за капење. И додека испружена на лежалка или крај базенот згодната прилепченка го темнее тенот, нејзините мини бикини и ги истакнуваат бујните облини.

Едноделниот модерен бел костим за капење со отворено деколте,  ги става во прв план нејзината „предница“ која се наѕира од силиконската долина на пејачката.

Сексапилната фолкерка за под тушот без сомнение има друго решение. Петролеј боја костим со шљокици, кој  не упива вода, па хидрираното тело го држи подолго време влажно, што на жешкото сонце е многу важно.

За на лежалка под чадорот за сонце, едноделниот костим заменет со бикини во жолта боја или корална…

А дехидрацијата од под тушот заменета со орална… Со ладно нескафе на плажа за уживање и освежување на златното грло.

И додека сите други со себе го носат сопругот, момчето, љубовникот… Велевска на плажа го носи својот уметнички фотограф, Томе Табанов!

Таа испружена на стариот чун во  бикини со тиркизна нијанса, додека фотографот ја искористил својата шанса за нова серија фотографии во нова поза, со нова доза на еротичност…

Како и онаа со која пејачката го затвора кругот на бикини серијалот: Од бел едноделен костим за капење и таа во него потпрена на ѕидот, до во бел едноделен костим, клекната крај брегот во корелација со фотообјективот… Елена Велевска и нејзината летна бикини рапсодија што го одзема здивот.

 

Останати вести од Радио Милева