Македонските естрадни уметници поради короната вирусот ги откажаа своите настапи и концерти, па времето го поминуваат во своите домови со своите најмили.
Македонската фолкерка Елена Велевска неодамна беше гостинка во емисијата „Урбан таг“ каде што проговори како го поминува времето во изолација, но и дека и недостига да се врати на музичката сцена.
„Ми недостига публиката, музичка сцена. Веќе доволно се одморивме, можеби претеравме. Сигурно ќе се согласат колегите дека ова е повеќе од одмор кои може да си го дозволиме ние уметниците“ вели Велевска.
Фолк пејачката откри како ги поминала Велигденските празници, се потсети периодот кога беше дете, па и откри додека е во изолација открила дека е талентирана во кујна.
Велевска откри и што мисли како ќе биде за музичката сцена кога ќе заврши изолацијата.
„Ќе ни треба време да се вратиме во нормала. Ми се чини дека најпогодени во целата ситуација сме ние уметниците. Мене толку не ме розочара ситуацијата бидејќи финасиски си бев подготвена, но да намевме некои залихи ќе беше многу страшно. Мислам дека светот нема да биде како што беше. Во прашање се и турнеи кои ќе бидат позаслабени, концертите нема да бидат тоа што беа“ вели Велевска.
На крајот таа додава дека се труди никогаш да не паничи кога станува збор за вакви работи и да ги прифати мирно.
Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.