Семејството е најголемото богатство и поткрепа за еден човек, а фолк пејачката Елена Велевска се труди да го држи цврсто овој семеен ѕид, во домот со трите деца, но и најблиските.
Изминатиот викенд таа уживаше во есенски кафе музабет на сонце со нејзината сестра Снеже.
Елена фотографиите ги објави на својот Фејсбук додека со сестра си позираат една до друга.
Она што може да се забележи е дека и двете се русокоси, а кога е физичкиот изглед во прашање, не многу потсетуваат една на друга.
Инаку, Велевска неодамна заедно со децата беше на одмор во Турција, каде ги искористи последните топли денови во оваа езготична земја.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-elena-velevska-letoto-ushte-trae-pejachkata-so-najmilite-uziva-vo-luksuzen-resort-vo-turcija-foto/