Македонската ТВ водителка Елена Стефановска веќе со години е позната по својата емисија „Живот со стил“ каде ги претставува убавите и гламурозни нешта на своите гости. Тоа го работи, ама така и живее, зашто Елена често можеме да ја видиме како патува на далечни дестинации, посетува луксузни локации, преферира скапи нешта: од облека, обувки, накит и парфеми, до исто такви хотели, автомобили, забава… И зошто да не живее со стил, ако веќе и се може.
Деновиве, Елена ги спакува куферите и заедно со момчето Бојан Најдоски замина во прекрасната Италија.

Таа го искористи слободно време за ужива со својот сакан, да посети неколку познати знаменитоси во Рим и да ужива во убавините на оваа држава.
Водителката ги почести своите следбеници со неколку фотографии кои наликуваат на разгледници.

Но, кој живее со стил, со стил и слави роденден. Стефановска денес (19.02.2020) слави роденден, а прославата започна во еден „Ice bar“ во Италија.
Воодушевена од оваа посета, не се воздража а да не ја сними со својот мобилен телефон и да сподели на социјалните мрежи истакнувајќи дека за неа ова е незаборавно искуство.

„За мојот роденден почнувам од овде. Првиот и единствен #Icebar во Италија. Незаборавно искуство“, напиша водителката.

Честитки, нека и се множат и годините, подароците, уште многу повеќе патувања и успеси на професионално поле.