Македонската пејачка Елена Ристеска важи за една од најзгодните на сцената, а сега повторно ги воодушеви сите со својот изглед.
Имено, таа за нејзиниот настап во еден скопски ноќен клуб се појави во едноставен моден стил што го одзема здивот.
Елена облекла интересен мини светкав фустан кој го стеснува струкот, со џебови од страните и бели мрежести хулахопки.
Пејачката се комплетирала со црни високи потпетици, а за оваа прилика ја пуштила косата да паѓа брановидно по рамениците.
За накит носи доминантни обетки во облик на око, а многумина изјавија дека ова е едно од нејзините наубави изданија.
„Прекрасен фустан“, „Убава си Елена“, „Многу убава“, „Љубов“, „Убава жена си Елена“, се само дел од позитивните коментари.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Ристевска