Мегафон „Поттик за уште поголема борбеност“

Елена Ристеска во Србија доби награда „Дама на годината“

Елена Ристеска во Србија доби награда „Дама на годината“

Поп пејачката Елена Ристеска ја доби наградата „Дама на годината“ во регионот, за постигнувања, работа и креативност на регинално ниво, што се одржа во Врњачка Бања во Србија.

Таа на Инстаграм се фотографираше со статуетката и пред своите следбеници се пофали за наградата и учеството меѓу успешни и хумани дами.

фото:инстаграм/елена ристеска

„Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“.

фото:инстаграм/елена ристеска
To top