Кон почетокот на месец март, популарната пејачка Елена Ристеска се врати од Америка која и стана се почеста дестинација за посета, особено Мајами.
Сега е во Скопје во изолација, но според пишувањата во нејзините најнови објави на социјалните мрежи, сака што поскоро да се врати таму и да го заврши проектот што го почнала. Или пак, во прашање е љубов како што со една романтична фоторгарија од женска и машка силуета ја заинтригира јавноста, а се појавија шпекулации и дека се омажила.
Дали тоа се случило, остана само на пишувања, но сигурно е дека Елена била работно посветена. Таа објави фотографија на која се подготвува со шминка, а на себе има само лесна блуза со ултра отворено деколте кое дополнително го нагласи сесапилот.
„Пред неколку недели, јас и Арменд Рамадани работиме на специјален проект заедно. Не можам да дочекам да ви покажам. Се надевам дека се’ ќе се врати на свое место. Наскоро…“ – дополни Елена за секси фотографијата, а како што вели и самата се молиме пандемијата што поскоро да ја снема и да се вбратиме во колосек!