Крушево се подготвува да го одбележи роденден на својот великан Тоше Проески, кој на 25 јануари ќе наполнеше 38 години. На одбележувањето кое е во оганизација на општина Крушево, спомен-куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација „Тоше Проески“, ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“, прво ќе биде положено цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, а потоа манифестацијата се сели во спомен-куќата „Тодор Проески“.
Таму ќе настапат Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска, а ученици од „Наум Наумовски Борче“ ќе читаат извадоци од песни на Тоше. Во текот на манифестацијата ќе се одвива и креативна работилница во авторство на ракотворци од Битола. На присутните ќе им се обратат и градоначалникот на Крушево и директорот на НУ спомен-куќата на Проески, а ќе бидат доделени и награди и благодарници.