Изминатото лето нашата поп-пејачка Елена Ристеска беше во Америка, а престојот го искористи и да изработи видео запис за новата песна која наскоро ќе и ја понуди на својата публика.
Уште откако се врати на домашна територија, Елена најави дека патувањето не и било само приватно, туку работела и на музички план.
Сега преку социјалните мрежи откри како ќе изгледа во спотот кој треба да излезе наскоро, а од приложените фотографии може да ја видиме во бело и сензуално издание на плажа каде позира заводливо.
Овие неколку фотографии инстантно им се допаднаа на нејзините обожаватели кои не заобиколија да и напишат дека изгледа прекрасно.
Кадрите се снимени во Мајами, а како ќе изгледа крајниот резултат, останува да почекаме…