Македонската поп пејачка Елена Ристеска ретко гостува по ТВ емисии, освен кога за тоа има директен повод, уште поретко зборува за себе и речиси никогаш не ја открива приватноста. Но, овој пат Елена беше на гости кај Елена, во емисијата „Живот со стил“, каде водителката Стефановска онака, културно, со стил ја „преслуша“ пејачката за нејзиниот живот, наведувајќи ја да си ја отвори душата… Барем онолку, колку што Ристеска тоа го дозволи!
Меѓу другото пејачката рече дека мисли оти за ниту една друга јавна личност од естрадата во Македонија не се пишувале толку невистини и глупости, колку за неа, кога се приватниот живот, сите нејзини љубови и наводни љубовници, бракот и разводот во прашање.
Македонскат поп ѕвезда даде интересен одговор на прашањето дали почувствувала љубов после разводот со сопругот, па одговри:
„Имаше една таква ситуација, која се случуваше во повеќе наврати со мали и поголеми паузи… јас со тој човек не се сликав за медиуми, но не се ни криев кога излегувавме некаде заедно, како во ресторан, на пример. Сепак, кога ќе се замешаат трети, ситуацијата станува комплицирана и… иако никогаш не се знае, во моментов сепак сум во статус сингл“! – изјави Ристеска, појаснувајќи дека човекот што ќе го освои нејзиното срце мора да биде силен, стабилен, да го следи нејзиниот ритам на живот и работа за да не ја влече назад и да има смисол за хумор.
За бракот после развод Елена смета дека не евоопшто важен туку многу поважна е приказната со децата.
„Човек пред се’ треба да сака да има дете. Сето ова што ние го правиме нема цел, ако немаме кому како наследство да му го оставиме“ – одговори Ристеска, можеби наговестујќи дека следната голема цел кон која цели е токму таа – дете! Можеби само се чека „вистинскиот човек“… да се согласи?