Кога сте јавна личност и дел од јавниот свет, речиси секогаш сте под будното око на јавноста и интересни за народната маса.
Многу јавни личности кога ќе се вклучат камерите секогаш се средени, со „мејкап“ на себе, во елегантни тоалети, костуми, па изгледаат речиси совршено пред камерите.

Во денешно време, каде постојат и модерни технологии за усворшување како што се Фотошоп, разни филтри, пластични операции, речиси сите наликуваат едни на други.
Но, какви се јавните личности кога ќе се исклучат камерите? Кога нема да бидат некоја ѕвезда, позната личност, ниту некое познато име, туку сосема обична личност со име и презиме.
Многумина од нив се однесуваат нормално, природно како и секој нормален свет, а ги има и тие кои ги понела славата, па малку се вообразиле.

Пред светот на другите секогаш се облечни и дотерани до совршенство,а со тоа стануваат и идол на многу нивни фанови кои сакаат да учат од нив.
Иако има јавни личности кои се срамат да покажат како изгледат без грам шминка, македонската пејачка Елена Ристеска изгледа дека нема таков проблем, барем така покажа на „Инстаграм“.
На социјалните мрежи споделува фотографии на кои најчесто е со шминка.
Меѓутоа, деновиве таа не срамеше да го покаже своето вистинско лице и да покаже како изгледа без грам шминка, со голем нос, подочници, акни.

„Утрово се разбудив ваква.И имам широк нос, црвенило, акни, подочници, имам кратки трепки, несовршени веѓи и уште многу несовршености. И да , не сум совршена. А кому му е битно? Се сакам себе си, како и да е. :Р
П.С. Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па.. немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себе си. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“. Напиша Елена во описот на фотографијата.
Под објавата се нижеа само позитивни коментари кои и порачаа дека таа е прекрасна и совршена.
Бидејќи, Ристеска многу не сака да зборува за својот приватен живот, се поставува прашањето: Дали македонската пејачка најде некој кој ја сака со нејзините несовршености.