Пејачката Елена Петреска е доста активна на социјалните мрежи и редовно објавува за нејзината нова средина, откако одлучи да ја напушти Македонија и да замине фамијарно во Белгија.
Овој пат, на нејзиниот Инстаграм профил пејачката сподели дел од секојдневието и откри што одлучила да посети во Брисел местото каде што одлучи да живее.
А на нејзините следбеници со задоволство им откри и кој и прави друштво.
Имено, пејачката одлучила да ги израдува нејзините две деца, ќерката Софија и синот Михаел, па заедно заминале на интересна прошетка во посета на музејот за чоколада.
Сепак, тие не заминале сами, туку пејачката покажа дека на нив сега им прави друштво и нивната баба, а освен музејот ја посетиле и продавницата за чоколада.
Па така, за се да биде цело пејачката ја сподели убавата глетка со обожавателите за заедно да се радуваат на убавите моменти.
Очигледно е дека ова ги освежило и ги направило среќни, а тоа се забележува од убавите и инспиративни фотографии.
Откако свртија нова животна страница, таа и нејзиниот сопруг Андреј заедно со нивните две деца заминаа да живеат во Белгија, далеку од дома, а сега веројатно имаат доста за истаржување и пронаоѓање на она што овде не успеле да го остварат.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Петреска