Радио Милева роденденска свршувачка

Елена Миленковска за роденден доби свршенички прстен: Наместо торта, брачна понуда! (ФОТО)

Елена Миленковска за роденден доби свршенички прстен: Наместо торта, брачна понуда! (ФОТО)

20 август 2019, ден кога македонската пејачка Елена Миленковска која по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ остана да живее и работи во Белград, славеше роденден. Честитки стигаат од сите страни. И подароци…

Најубавата честитка и највредниот подарок во долгата романтична ноќ нашата убавица сепак го доби од нејзиниот Гуте Маринковиќ, колегата од Гранд, со кого е во љубовна врска.

Размената на роденденски нежности во романтична атмосфера во долгата ноќ, заврши со брачна понуда и свршенички прстен за пејачката, наместо роденденска торта.

На Елена роденденското славење и се претвори во вереничко. Гуте Елена ја побара за жена… на неговиот живот!

Така, музичката „Гранд“ двојка,  веројатно наскоро ќе стане и брачна! Српските медиуми веќе наголемо ги најавуваат свадбените ѕвона.

И одново честитките доаѓаат од сите страни. Колегите другарите, пријателите, најблиските… Изненадени, ама и воодушевени! Најсреќна – мајка и на свршеницата!

„Среќни и вечни да сте, ве сака мајка Слаѓа“! Честитки и од редакцијата на Вистина.ком.мк!

To top