Радио Милева

Елена Миленковска разменува нежности на плажа со момчето од регионалното музичко шоу (фото)

Елена Миленковска разменува нежности на плажа со момчето од регионалното музичко шоу (фото)

Елена Миленковска имавме прилика да ја гледаме во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Миленковска беше во тимот на Ана Бекута со која заедно работеше и се подготвуваше.

Иако, Елена не стигна до самото финале и не освои голема победа, сепак ова музичко шоу и донесе љубов.

Миленковска е во врска со учесникот од „Ѕвездите на Гранд“, Гуте  Маринковиќ.

фото: Принтскрин/инстаграм/гутемаринковиќ

Тие својата љубовна врска ја обелоденија на социјалните мрежи кога започнаа да објавуваат заеднички фотографии.

По завршувањето на финалето на „Ѕвездите на Гранд“, Гуте и уште неколку учесници беа во посета на Скопје и Охрид.

Гуте изјави дека се запознале во студио каде што имале секој ден проби со оркестарот и тогаш знаел дека меѓу нив ќе има нешто.

„Знаев дека меѓу нас ќе има нешто. Таа е се она што го барав сите овие години“ изјави Гуте.

Моментално љубовниот пар ужива на Јадранот, поточно во Црна Гора.

фото: принтскрин/инстаграм/гутемаринковиќ

Тие на „Инстаграм“ споделуваат заеднички фотографии на кои разменуваат нежности и уживаат во почетокот на љубовната романса.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, додека Елена беше во „Ѕвездите на Гранд“, таа беше во врска со момче од Грција, па очигледно ја прекинала таа врска, а Гуте е нејзината нова љубов.

To top