Радио Милева

Eлена Миленковска откако се пофали со новиот успех во „Ѕвездите на Гранд“ се најде во друштво на Дарко Лазиќ

Eлена Миленковска откако се пофали со новиот успех во „Ѕвездите на Гранд“ се најде во друштво на Дарко Лазиќ

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Елена Миленковска од Скопје.

Откако во првиот круг доби неколку критики и Ана Бекута прифати да и биде ментор истакнувајќи дека ќе и биде предизвик.

Очигледно дека Бекута била добра професрока, а Миленковска добра ученичка.

Во саботното издание таа се претстави со две песни со што ги доби сите шест гласови и овој пат за разлика од претходно сите ги остави  без зборови.

фото: грандонлине

Во текот на првата изведба „Како после нас“, Јелена едвај ги задржа солзите, а имаше и пофални зборови за нејзината дикција.

По емитувањето на емисијата, Миленковска присуствуваше на снимањето на  „Ѕвезде Гранда специјал“ каде што гост беше и Дарко Лазиќ.

Ова беше прво негово појавување на „Гранд“, а Елена ја искористи приликата и го овековечи овој момент со заедничка фотографија.

Фотографијата со Лазиќ, Миленковска ја објави на социјалните мрежи.

фото: принтскрин/инстаграм

Како Елена ќе се претстави во третит круг и дали ќе го повтори успехот останува да видиме.

 

https://www.youtube.com/watch?v=9FhrPQJkBUg&t=6586s

To top