Радио Милева

Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ открија како ќе се вика синот (фото)

Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ открија како ќе се вика синот (фото)

„Ѕвездите на Гранд“ можеби не им донесоа победа на Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, но затоа им донесе љубов, брак, а наскоро и нов член на семејството.

Имено, по завршувањето на претходната сезона, Елена и Гуте кои беа под менторство на Ана Бекута започнаа љубовна врска. По неколку месеци тие се свршија, а потоа склопија брак во Србија,  а во февруари оваа година направија прослава во Скопје.

фото: инстаграм

Елена и Гуте деновите во изоалција ги поминуваат заедно во нивниот дом, па често се активни на социјалните мрежи каде што не се штедат да покажат и детали од нивниот приватен живот.

Тие пред некое време на интересен начин тие открија дека Елена чека син на кој неизимерно му се радуваат.

фото: Инстаграм

Меѓутоа, деновиве парот на „Инстаграм стори“ играше игра односно анкета, па ги замолија фановите да праќаат што мислат како ќе се вика наследникот.

Тие добиле околу 600 пораки, а тој одлучи со фотографија да го открие името на синот.

„Вчера бевте креативни, добив околу 600 пораки со разни имиња. Меѓу нив имаше и точни, но не ви одговорив бидејќии со оваа фотографија сакав да ви го откријам името на бебето. Максим Маринковиќ, како ви звучи“ напиша сопругот на Елена на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

Под објавата се нижеа коментари дека името е одлично и дека направиле вистински избор.

To top