Радио Милева

Елена Миленковска го покори жирито во „Ѕвездите на Гранд“ – за ова сонува секој кандидат

Елена Миленковска го покори жирито во „Ѕвездите на Гранд“ – за ова сонува секој кандидат

Младата македонска и надежна пејачка Елена Миленковска успеа да го скроти и да завладее со жирито од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Иако во првиот круг се извлече за влакно поради жестоките критики пред се од Јелена Карлеуша, а не беше поштедена ниту од останатите, овој пат Елена се покажа во сосема поинакво светло на сцената на „Гранд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Milenkovska (@elenamilenkovskaa) on


Со оглед дека на минатиот настап во нејзина одбрана застана само Саша Поповиќ, а Карлеуша и кажа дека таа нема  никогаш да стане ѕвезда, сега нештата драстично се променија.

Имено, во вториот круг нашата Елена беше под менторство на Ана Бекута која на својот прифил на Инстаграм јавно ја пофали Миленковска и откри дека ги добила сите шест „да“ од жирито.

Очигледно е дека во „Ѕвездите на Гранд“ нештата може многу брзо да се променат, а острите коментари да бидат фрлени во заборав.

Каква беше изведбата на Елена во вториот круг со која го осои жирито и директно влезе во третиот круг, останува да видиме.

To top