Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во последните неколку години имаме прилика да гледаме и македонски кандидати кои имаат можност да се претстават на сцената на најголемата продукција на Балканот и да започнат музичка кариера.
Така пред две години охриѓанецот Ристе Ристески победи во музичкото шоу и беше првиот Македонец кој ја однесе победата во „Ѕвездите на Гранд“.
Оваа година во музичкото шоу учествуваат нови кандидати, но и веќе добро познатите Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Адам Лабунски, Стефан Величковски, Елена Миленковска…
Едниствената наша дама, во последните два круга се покажа во одлично светло и под менторство на Ана Бекута успеа да ги освои сите шест гласови и да помине во следниот круг.
Миленковска сигурно добро ги слушала советите на фолк пејачката, па успеа да се покаже во одлично светло.
На сцената на „Гранд“, Елена имаме прилика да ја видиме во ултра модерни и впечатливи комбинации.
Aко го погледнете нејзиниот профил на социјалните мрежи ќе забележите разновидни фотографии од патувања и разни активности од секојдневието во нејзиниот приватен живот.
Овој пат, таа се потсети на деновите од своето детство, па во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија како изгледала како малечка.
Како ќе се претстави Елена Миленковска во следниот круг останува да видиме…