Радио Милева

Елена Миленковска го откри полот на бебето

Елена Миленковска го откри полот на бебето

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Aлександар Гуте Маринковиќ за неколку месеци ќе се реализираат во улогата на родители.

Тие овие среќни вести ги споделија преку социјалните мрежи, а токму и поради бременоста, Елена го напушти музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Елена ужива во бремноста, а сега заедно со својот сакан го открија и полот на бебето.

Имено, тие на своите „Инстаграм“ профили објавија неколку интересни заеднички фотографии, на кои Елена позира со трудничкото стомаче, а Гуте во раката има табла на која пишува: „Момче е“.

фото: принтскрин/инстаграм

Гуте во описот на објавата напиша:

„Која е вашата омилена боја? Мене отсекогаш ме привлекуваа нијансите на сино. Но, тоа сега не е главна тема. На фотографијата се е сино токму поради него. Сине мој, те очекуваме со голема возбуда да дојдеш и да ни ги разубавиш животите“ напиша во описот на фотографиите на социјалните мрежи.

фото: Принтскрин/инстаграм

Истите фотографии ги објави и Елена и напиша:

„Од кога дознав дека сум трудна имав чувство дека е машко. Пред некој ден ни потврдија. Биди ни жив и здрав. Поминавме пола пат. Сега веќе си 600грама, слушаш, гледаш, чувствуваш и знаеш колку те сакаат мајка ти и татко ти. Едвај чекаме да дојдеш на овој свет и да ни се спојат мирисите. Тоа ќе биде најубавиот мирис кој не се купува“ напиша Елена.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Елена и Гуте се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“ каде што и двајцата беа под ментроство на Ана Бекута. Подоцна, тие започнаа врска, а на почетокот на годината направија едноставна и скромна свадба за најблиските. Меѓутоа, ќе има и свадба во Скопје која е закажана за 22.02.2020.

фото: Принтскрин/инстаграм

 

To top