Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска ужива со семејниот живот со сопругот Гуте Маринковиќ и синот Максим.
Пејачката е активна на социјалните мрежи и често објавува заеднички фотографии покажувајќи како го поминува времето со најсаканите.
Овој пат, Миленковска објави преслатка фотографија од наслединикот кој за некој месец ќе наполни една година, а до објавата напиша емотивна порака.
„Дали знаете што ги полни батериите на една мајка, што создава амнезија за сите непреспиени ноќи и жолти минути, гради кули со трпение, предизвикува најискрена насмевка и создава солза радосница во окото. Еве ќе ви откријам – токму ваков призор, поглед“, напиша Миленковска покрај фотографија со наследникот.
Инаку, Елена и Гуте се запознаа во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а претходната година стапија во брак и станаа родители на Максим.
Неодамна, сопругот на Елена откри дека е позитивен на коронавирус и дека во изолација, но не откри дали и Миленковска е позитивна.