Радио Милева

Елена Миленковска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а сега откри какoв ментор е Ана Бекута

Елена Миленковска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а сега откри какoв ментор е Ана Бекута

Оваа година во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ по втор пат се натпреварува Елена Миленковска од Скопје.

Според новите правила, секој од кандидатите има свој ментор, а Миленковска ја одбра Ана Бекута.

Во третиот круг Елена настапуваше во дуел со Садо и Валдина и тогаш доби многу пофалби и помина директно во четвртиот круг.

Меѓутоа, Миленковска не успеала да помине во петиот круг и за жал ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“.

Во интервју за „Бекстејџ“ таа откри какво е чувството да се биде дел од музичкото шоу и за искуството да соработува со Ана Бекута.

„Таа е многу голем борец,  многу се бореше за нас. Макотрпно работевме во студио, одвојуваше многу време за нас и навистина ни посветуваше големо внимание. Навистина, многу сум и благодарна. Пред се, многу ми е драго што ја запознав таа жена. Никогаш во животот не сум помислила дека ќе работам со неа и дека ќе добијам толку пофални зборови од неа. Се уште сме во контакт и оваа година преубаво ми беше искуството во „Ѕвездите на Гранд“, вели Миленковска.

фото: Принтскрин/инстаграм

Таа исто така истакна дека коментарите на Јелена Карлеуша не и влијаеле негативно.

„Нормално е дека допираат, но пизитивно. Јелена  е таа што дава непозитивни коментари. Се што ми кажа го сфатив крајно сериозно и се трудев да го променам“.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленамиленковска

Инаку, Миленковска е во врска со момче од Грција, па истакна дека иако врската е на далечина сепак одлично функционираат.

„Потешко е, но супер е. Јас сум таков човек кој функционира доколку со некој не е многу често. Супер функционираме“ истакна пејачката.

Како Миленковска ќе се претстави во четвртиот круг останува да видиме.

To top