Радио Милева
наскоро мајка...

Елена Миленковска „брои ситно“: „Едвај чекам да го запознаам…“ (ФОТО)

Елена Миленковска „брои ситно“: „Едвај чекам да го запознаам…“ (ФОТО)

„Ѕвездите на Гранд“ можеби не им донесоа победа на Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, но затоа им донесе љубов, брак, а наскоро и нов член на семејството. Елена Брои ситно.., Денови, а можеби само часови се во прашање, кога новиот член на семејството ќе ја здогледа виделината на денот. Она што се знае дека во прашање е машко. Момче, за кое Елена и Гуте оддамна наголемо се подготвуваат. Од детска соба, креветче, постелнина, облека, обувки, козметика за бебешка нега… па се’ до тоа како ќе се вика нивното прво чедо!

Името исто така мина и беше одбрано како и тие во “Ѕвездите на Гранд“ – на аудиција.

Распеаната брачна двојка на „Инстаграм стори“ играше игра односно анкета, па ги замолија фановите да праќаат што мислат како ќе се вика наследникот.

Тие добиле околу 600 пораки, а тој одлучи со фотографија да го открие името на синот.

„Вчера бевте креативни, добив околу 600 пораки со разни имиња. Меѓу нив имаше и точни, но не ви одговорив бидејќии со оваа фотографија сакав да ви го откријам името на бебето. Максим Маринковиќ, како ви звучи“ – напиша тогаш сопругот на Елена на социјалните мрежи.

Сега кога малиот максим е на прагот да го запознае овој свет, Елена со нетрпение го очекува неговото доаѓање.

„И така седам, пијам кафе, гледам како се мрда, понекогаш малку претерува па тоа малку ме нервира, а всушност ништо не ме нервира. Понекогаш си велам: Сине, побрзај веќе ми е многу тешко, а всушност ништо не ми е тешко. Размислувам, како едвај чекам да го запознаам“ – напишала Елена во својот последен пост покрај фотографијата на која го пие своето утринско викенд кафе, очигледно нестрпливо  очекувајќи во секој момент да ја доживее најголемата животна радост.

 

Останати вести од Радио Милева