Радио Милева Преслатко

Елена Миленковска брои многу ситно до породувањето, а еве како го уредија бебешкото гнезденце во домот (фото)

Елена Миленковска брои многу ситно до породувањето, а еве како го уредија бебешкото гнезденце во домот (фото)

Музичко-брачната двојка ѕвезди на „Гранд“, Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ периодов секој ден го минуваат со возбуда и исчекување на бебето Миона кое треба да дојде на свет.

Елена е во деветиот месец од бременоста и нетрпеливо чека да ја земе во раце својата наследничка.

-Броиме многу ситно малечка. Едвај чекам да те видам, прегрнам, помирисам, пишува среќната мајка.

Возбудата пред се’ најголема е кај мајката која иако искусна со породување, веруваме дека има неописливи чувства и мисли кои и кружат низ глевата за чинот кој е пред неа.

Возбуден е секако и тато Гуте кој неодамна изјави дека сака и тој да биде присутен на породувањето.

-Сакам да присуствувам на породувањето! Отпрвин не можев поради ситуацијата со Ковид, а сега можам и тоа ми е најголема желба, можеби и најголема. Подготвен сум на се’ и мислам дека нема да се онесвестам. Тоа треба да се гледа со најубавите можни очи, тоа е чинот на раѓање, феноменот на доаѓањето на животот во светот што секој човек треба да го види и доживее – објасни неодамна пејачот.

Во меѓувреме Елена објави фотографија на која сама позира со стомакот во преден план, а ја покажаа и преслатката бебешка соба уредена минималистички, но едноставно неодолливо.

Бебешкото гнезденце каде ќе спие и расте Миона е еден од најактуелните модели кои се трансформираат како бебето расте.

Тука е и пресреќното братче Максим кој исто така е возбуден што неговата сестричка наскоро ќе биде дома.

Со лесно на породување!

фото:Инстаграм/Елена Миленковска

 

To top