Елена Китиќ ја смени својата долга црна коса во руса со розови врвови, што ги изненади нејзините фанови, па коментарите под објавата едноставно не престануваат.
Пејачката Елена Китиќ важи за личност која често експериментира со својот изглед, а тоа и сега го направи. Нејзината нова фотографија предизвика лавина од коментари на Инстаграм, а наследничката на Миле Китиќ долгата црна коса, која е нејзин заштитен знак, ја промени во руса со розови врвови.
Но, набрзо пејачката на сите им откри дека се работи за перика.
Коментарите под фотографиите само постојано пристигнуваа, а многумина истакнаа дека пејачката добро би се снашла како русокоса и дека направила одлична трансформација.
Да потсетиме, пејачката Елена Китиќ веќе некое време ужива во врска со раперот Михаил Микс Вујиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Китиќ