Ќерката на Марта Савиќ и Миле Китиќ, Елена Китиќ, ужива во љубовта со раперот Михаил Микса Вујиќ.
Од минатото лето се шпекулира за нивната романса, а сега „Папарацо Лов“ ги фати како не се делат еден од друг.
Двајцата се обидоа да ја сокријат својата врска од очите на јавноста, но сепак не успеаја. Михаило очигледно често го посетува домот на Елена, додека заедно излегуваат само навечер.
Да потсетиме, пред него Елена беше во врска со Фран Пујас, кого го остави за продуцентот и музичар Михаил Вујиќ, кој е попознат по уметничкото име Микса.
Врската со Михаил ја започнала уште додека Пујас бил во реалното шоу, а веднаш штом тој го напуштил шоуто разговарале по телефон и потоа таа му рекла дека е најдобро да раскинат, но и дека има ново момче.
– Веќе не се гледам со Елена, не сме заедно и тоа е се што можам да кажам – изјави Фран минатото лето кога раскина со пејачката.
Фото:Принтскрин/Јутјуб/Папарацо Лов