Македонската пејачка со српска адреса и нејзиниот партнер и колега Гуте Маринковиќ неодамна открија дека по вторпат ќе станат родители.
И ако до сега не се знаеше дали нивното синче Максим ќе добие братче или сестричка, сега одново на Инстаграм, брачната музичка „Гранд“ двојка го откри полот на бебето, кое како што напишаа, треба да пристигне отприлика во месец во септември.
„Девојче е. Во септември нашето семејство ќе биде побогато за уште еден женски член. Маки ќе добие сестричка, а ние нашата втора среќа. Едвај те чекаме малечка“ – напиша Елена во описот на фотографиите.
View this post on Instagram
Времето бргу си минува, деновите и неделите од бременоста се нижат, а стомачето на Елена веќе е доволно големо.
Насмеана, ведра, позитивна мајка, исполнета со радост за она што ја очекува по вторпат.
Да долета штркот и да ја донесе малата принцеза сите желно очекуваат, а најнестрплива по се’ изгледа е баба Слаѓана, мајката на Елена, која во својот коментар под објавата на пејачката напишала:
„Сонциња наши, прекрасни сте, а малата принцеза ја чекаме со раширени раце“, на што младите и возвратиле со грст емотикони во вид на срца.
Елена од недела во недела ги ужива моментите на блажената состојба, се’ додека штркот повторно не слета и донесе уште едно бебенце, овој пат малечка принцеза чие име се’ уште не го откриле. Ќе биде некое традиционално српско или македонско, ќе се вика по некоја од бабите или можеби нивната ќеркичка ќе добие некое сосема трето, модерно име, останува да видиме?
За потсетување, Елена и Гуте се запознаа при нивното учество во најпознатото регионално, музичко, талент шоу „Ѕвездите на Гранд“. Најпрвин се спријателија, зашто тогаш пејачката се’ уште беше во врска која „се распаѓаше“, а по шест месеци дружење влегоа во нова врска и од пријатели некогаш, станаа љубовници засекогаш, а потоа и брачна двојка и горди родители на едно, а наскоро и две дечиња.
Фото: Инстагарам принтскрин/elenamilenkovskaa