Елена Китиќ, наследничката на пејачката двојка Миле Китиќ и Марта Савиќ, откако неодамна истетовира крст во пределот веднаш над задникот, сега одново ги запали своите следбеници на Инстаграм со уште една жешка фото објава.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kjerkata-na-mile-kitikj-shokirashe-so-tetovazata-ama-ja-shokiraa-i-nea-krst-nad-analniot-otvor-dovolna-vozbuda-za-brachna-ponuda-foto/
Имено, Елена позираше во кратка, тигреста бундичка, со голо стомаче, очила за сонце и искинати фармерки со розов ремен. Ова нејзино издание ги „разбранува“ социјалните мрежи, а коментарите за нејзиниот изглед не престануваат.
Миле неодамна отворено зборуваше за кариерата на Елена и истакна дека не жали за парите и дека сега таа е единствената негова инвестиција:
„Јас навистина инвестирам во ќерка ми, тоа е мојата единствена инвестиција сега. Пеам и вложувам во себе долго време, сега е време да и помогнам колку што можам. Медиумите се расфрлаат со некои големи бројки, но искрено, би сакал да ги потрошам сите пари за неа. Би сакал да успее во тоа што го посакува и ќе видиме како ќе се одвива нејзината кариера. Секако, колку и требаат, толку пари ќе ги вложам во моето дете“, изјави неодамна популарниот фолкер.