Радио Милева погодок

Елеганција со став и мистичност: Викторија Лоба со непогрешлив моден избор потребен на секоја дама (фото)

Елеганција со став и мистичност: Викторија Лоба со непогрешлив моден избор потребен на секоја дама (фото)

Пејачката Викторија Лоба стана најголем репрезент на се повеќе познати брендови кои се рекламираат во нашата земја.

Со својата руска убавина и одлична физичка линија, Лоба е се’побарана да сугерира и да им промовира на припадничките на понешниот пол разни производи кои се дел од секојдневието, особено облека.

Гардеробата, особено фустаните се неизбежен дел од плакарот на секоја жена, па оттука тука Лоба за да го понуди својот богат спектар на предлози – овој пат изборот падна на задолжителниот црн фустан.

Иако црната боја некогаш е ставена во контекст дека би биле незабележливи во истата, Лоба го покажа сосема спротивното.

Скоцкана од глава до петици, Викторија на своите следбенички им предложи црна свилена минималистичка елегантна тоалета во едноставен крој со нагласено длабоко деколте и два шлица.

Нагласен сексапил, но во сосема умерена доза која допринесува за впечатливост и маркантност на прв поглед.

Иако на себе имаше ѓердан на вратот, црвениот кармин беше сосема доволен детаљ за модна перфекција.

Секоја дама пред себе ќе се најде во потрага по инспирација за тоа што да облече на некоја свеченост, а изборот на Викторија Лоба едноставно е непогрешлив.

To top